Home Прес Центар Новости Задушница на демократијата во Република Македонија

Задушница на демократијата во Република Македонија

igor_d10После неколку дневна темелна анализа на изборните резултати, и тоа по изборни места, која заврши вчера и како епилог беше и понудената оставка од страна на претседателот Еленовски, ние во СДУ констатиравме дека ни недостасуваат помеѓу 8500 и 9000 гласови на ниво на РМ.

Морам да напоменам дека и со овие гласови СДУ немаше да стане парламентарна партија, која освен промоција на СДУ како партија, беше нашата втора приоритетна цел.
Сакам да потенцирам дека не случајно го избравме денешниов ден за оваа прес конференција како метафора за демократските и фер избори, односно за смртта на демократијата во РМ.

Ние во СДУ сме убедени дека нешто многу чудно се случи на овие избори.
Исто така сме убедени дека за танго се потребни двајца.
Сакам да потенцирам дека СДУ не ги признава овие изборни резултати, но бидеќји не успеавме да најдеме никаков материален доказ за оваа совршена измама непризнавањето ќе го задржиме за интерна употреба.

Ја користам оваа прилика уште еднаш да им честитаме на победниците ВМРО-ДПМНЕ и Бранко Црвенкоски, а воедно ги повикуваме и останатите оштетени политички партии, вака јавно да ги изнесат своите анализи за кои сме убедени дека се многу блиски до анализите кои ги направи СДУ.

Основниот мотив за нашиот повик до останатите политички субјекти кои најверојатно беа оштетени во овие избори е да се обидеме да го најдеме начинот на кој е направена оваа очигледна изборна измама за да не ни се случува во иднина, бидеќји доколку не успееме да го демистифицираме начинот, секој наредни избори најверојатно повторно ќе се решаваат на некоја зелена маса помеѓу оние кои и победија овој пат.

 

Профили

webmail