Пресконференција на Иницијативниот одбор за формирање на државна агенција за обезбедување
Денеска Иницијативниот одбор за формирање на државна агенција за обезбедување одржа седница на која ја разгледа агендата за идните активности во наредните неколку месеци.
Претседателот на иницијативниот одбор Лазар Еленовски меѓу другото истакна:
- Tоа што не загрижува е последната серија на инциденти кои што завршија трагично, кои што сериозно ја загрозуваат безбедноста на државата и сериозно го нарушуваат јавниот ред и мир. Подлабоки анализи нормално ќе дојдат во наредниот период. Меѓутоа тоа што го гледаме како тенденција и како состојба каде што секој на било која позиција во државата може да направи инцидент со трагични последици покажува дека безбедноста во државата е нарушена.
Ние сметаме дека сериозна реформа на безбедносниот сектор е потребна,таа има некои исчекорувања но за да стигнеме до една демократска европска држава ние мора да ги поставиме стандардите во целокупната сфера.Неможе да се случуваат некои тенденции кои се денес присутни, неможат да испаѓаат на пример приватните агенции појаки од државните структури.Токму затоа ова е уште еден доказ дека ние сме на вистинскиот пат со нашата иницијатива за формирање на државна агенција за обезбедување.
На пресконференцијата говореше и претседателот на федерацијата на безбедносните структури на Р.М, Гоце Тодев -Делчев. Тој меѓу другото истакна:
- Ќе се обидеме со формирањето на државната агенција за обезбедување да дадеме една поголема сигурност, свежина во безбедноста на Република Македонија, бидејќи од таа безбедност зависи иднината на државата.Сето тоа што во изминатите неколку месеци се случи со несериозноста и со нарушената безбедност едноставно одекна во Европа дека Македонија станува се понебезбедно место за живеење.





