Home Прес Центар Новости Дали Македонија се одалечува од НАТО?

Дали Македонија се одалечува од НАТО?

elenovskimala1Изјава на претседателот на СДУ, Лазар Еленовски за А1 телевизија
21 август 2010 година


По три години континуирано кратење на воениот буџет, НАТО и земјите главни поддржувачи на членството на Македонија во алијансата, сега испраќаат сериозни предупредувања дека ако земјава вака продолжи на самитот во Лисабон може да и биде кажано дека не ги исполнува и основните критериуми за прием. Ова секако оди во корист на грчкото лоби кое од пролетва започна кампања кај некои земји членки во коминикето од Лисабон да стои дека Македонија ќе добие покана откако ќе докаже дека критериумите и натаму се исполнети.
„Предупредувањето повеќе се гледа во другиот дел, освен она нормално така да кажам, во однос на самата политика на владата, која што веќе неколку години го крати воениот буџет и со што буквално имаме ситуација дека ниеден покрупен проект на модернизација на опремување на армијата, не може да се реализира. Со последното кратење тој се сведува на едноставно давање на плата и минимално одржување на тоа што го имаме“, изјави Лазар Еленовски.

Во Брисел не можат да разберат зошто се крати воениот буџет, а се зголемува буџетот на полицијата.

„Апсолутно е неоправдано армијата која според просеците на сите други армии вклучени во НАТО пактот да од 2,3 од бруто приходите, на пример оваа година негде околу 1,3 % доби. Со таков буџет не може да се врши подготовка на армијата, не може да се подготвува системот на одбраната, да ги следи напредокот и развојот на системите околу себе“, вели Благоја Марковски.

Најголема забелешка е рекордно малиот воен буџет од 1,4% од бруто националниот производ, но се почесто се спомнуваат и реформите во судството и економската кондиција на Македонија да ги изврши обврските од идното членство во НАТО.

Дополнително ситуацијата се комплицира и со смената на македонскиот амбасадор при НАТО, кој според дипломати е несериозен чекор пред самит, а уште повеќе што за нов амбасадор се испраќа човек кој со своите анти НАТО ставови ќе направи поголема штета отколку корист.

 

Профили

webmail