Home Прес Центар Новости Министерството за одбрана ја запоставува мултиетничноста

Министерството за одбрана ја запоставува мултиетничноста

elenovskigradonacelnikИзјава на претседателот на СДУ, Лазар Еленовски за АЛСАТ телевизија
19 август 2010 година


Министерството за одбрана претставува еклатантен случај каде последните две години нема ниеден Албанец на клучните места, потврдуваат негови поранешни управители.

Ниската застапеност на Албанците во специјалните единици на АРМ и вчерашниот случај со промовирањето на потполковници во чинови полковник, каде немаше ниеден Албанец, ја отсликувало реалната ситуација во ова Министерство и вината за тоа лежела во политиката. Ова за Алсат го велат поранешниот министер за одбрана Лазар Еленовски и поранешниот заменик-министер Назми Малиќи.
Според Еленовски, ова министерство претставува доказ за тоа колку оваа влада е посветена и има капацитет да ги унапредува меѓуетничките односи во земјата.

„Мислам дека дефинитивно има политика и ова е уште еден доказ на не снаоѓањето на оваа влада во овие две години во прашањето на мултиетнички односи. Да не ги споменувам другите примери од блиското минато како Eнциклопедијата, „Скопје 2014“, кадешто владата која е мултиетничка навистина неодговорно настапи во сите овие проекти. Значи последните две години во министерството за одбрана имаме случај каков што немало од почетокот на Рамковниот договор, да ниту еден од високите функционери на министерството за одбрана не е од етничките заедници“, рече Еленовски.


 

Профили

webmail