Home Прес Центар Новости Соопштение за јавност по повод пресудите за Тарчуловски и Бошковски

Соопштение за јавност по повод пресудите за Тарчуловски и Бошковски

sdu_soopstoenie_malaПакет за национално помирување за Конфликтот 2001

Социјалдемократската Унија смета дека единствен начин во Република Македонија да се затвори досието - Конфликт 2001 е националното помирување. Во таа насока како што го поздравивме ослободувањето на Љубе Бошковски пред две години истото сметавме да го направиме и со Јохан Тарчуловски. На ист начин, поточно со пакет за национално помирување и интегрирање, сметаме дека треба да се затворат сите останати случаи (бранители, настрадани борци на ОНА, судски процеси) поврзани со Конфликтот 2001 , со крајна цел Македонија целосно да се сврти кон својата иднина наместо постојано да се враќа во минатото.

Веруваме дека дел од Владата на РМ искрено сакаше да му помогне на Јохан но како и во многу други случаи не знаеше како тоа да го направи. Тоа незнаење за жал ќе доведе до натамошно заострување на меѓуетничките односи  во Македонија со секое наредно отворање на случаите поврзани со Конфликтот 2001.
 

Профили

webmail