Home Прес Центар Новости Македонија преговара за меѓународното име, а не за уставното

Македонија преговара за меѓународното име, а не за уставното

elenovski_teraНа вчерашното гостување на ТВ Тера, претседателот на Социјалдемократската Унија Лазар Еленовски истакна:

“ Тоа што треба да се случи во Обединетите нации, е да се дефинира меѓународната употреба на меѓународното име на Република Македонија.

Прашањето е за разликите околу името, а зборуваме за меѓународното име на Република Македонија, коешто денес и во последните петнаесет години е БЈРМ.

За нас е незамисливо уставното име да се промени. И  никој не смее ниту да  помисли дека може воопшто да се смени. Тоа што тие (ВМРО ДПМНЕ и СДСМ)  дваесет години го прават, едноставно е плашење на народот. Дополнително со воведувањето на елементите, “идентитет” и “јазик”, тие всушност прават многу неук, недемократски и антидржавен чин, бидејки воведуваат елементи кои што не се прашање на самите преговори”.
 

Профили

webmail