Home Прес Центар Новости Пресконференција на СДУ - Изјавата на Рикер е точна

Пресконференција на СДУ - Изјавата на Рикер е точна

lepres02.05Предупредувањето на американскиот амбасадор Рикер за иднината на Македонија со нерешавањето и одолговлекувањето на суштинските прашања за државата, Социјалдемократската Унија го смета за искрен и пријателски гест на една пријателска држава и голем подржувач на Македонија. Но пред се и за жал изјавата ја сметаме за точна. Тоа е уште едно поклопување на нашата позиција дека од независноста до денес најголем виновник за државното, материјалното и моралното пропаѓање на Македонија и нејзините граѓани се раководствата што ја водеа оваа држава и нивните структури.

Тие без исклучок, 20 години, буквално ги жртвуваат државните интереси и иднината на Македонија за сметка на сопствените.
Тие се тие, раководствата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на Бранко Црвенковски кои 20 години не успевајќи да остварат ниедна стратешка цел за државата, денес со нивната недржавна политика веќе ја загрозуваат македонската државност и демократија.

Само како последен пример ќе го спомнеме циркусот што го направија со епизодата на уставните промени и тн лидерски средби за да на крај откако ја отворија Пандорината кутија како што предупредуваше СДУ уште од самиот почеток, да се откажат од намерата. Од намерата се откажаа, но штетата е направена, не може да се откаже, а последиците ќе бидат долгорочни.
 

Профили

webmail