Home Прес Центар Новости Нивото на политичката дебата во земјата е многу ниско и монополизирано

Нивото на политичката дебата во земјата е многу ниско и монополизирано

le_debataПретседателот на Социјалдемократската Унија Лазар Еленовски како учесник на трибината организирана од Институтот “Павел Шатев” на тема “Нивото на политичката дебата во Република Македонија” истакна:

Политичката дебата во Македонија е апсолутно ограничена категорија. Таа е монополизирана, неразвиена, површна и примитивна бидејки ја водат и целосно контролираат двата транзициски мастодонти олицетворени во двете доминантни политички партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.   

Затоа кога зборуваме за нивото на политичката дебата би ја карактеризирал како шпански серијал, чија основна функција е забава за народот, која двете партии во недостиг на резултати од нивното дваесетгодишно владеење, максимално ја користат и злоупотребуваат.
 

Профили

webmail