Телевизија SKYNET Емисија ”Резе” со Јасна Саздовска
За СДУ
Социјалдемократската Унија целиот овој период од создавањето функционира како опозициска партија, и во поглед на нашата политика доминира чувството и визијата дека ние треба да градиме еден поинаков пат од тоа што го прават ВМРО и СДСМ со Македонија сите овие дваесетина години. Тие се два големи мастодонта, тешко се пробива друга партија на медиумскиот простор и генерално во политичкиот, посебно ако сте започнале да ја градите партијата со една поинаква визија. И за двете партии секогаш одговарало не само во поглед на СДУ туку со било која друга партија да ја етикетираат партијата лево или десно. Они се сложни во поглед на етикирањето. Добро е што конечно почнува во далечината на тунелот што го градеа заеднчки ВМРО и СДСМ на Бранко Црвенковски, им се појавува една светлина каде што се покажува дека е доста од овој начин на функционирање како се гради државата. На Македонија и треба навистина една нова и здрава демократска политичка сила за да ја придвижи државата напред.
Како СДУ продолжуваме да го градиме тој идентичен пат, да градиме вистинска социјалдемократска, значи демократска и социјална партија која што конечно ќе биде свртена кој вистинските потреби на граѓаните, а не кон одредени тесни групи. Знаеме дека позади Бранко Црвенковски стои целата македонска првобитна олигархија. Сега ВМРО се обидува да направи нова меѓутоа тоа е една иста транзициска приказна. Нас ни треба свртување кон вистинските демократски вредности за да може да ја изградиме европска Македонија.
За новиот опозициски блок
Таа поговорка за гавраните што ја употребив во суштина ја кажува работата со сите кадри што се сега обединети во т.н опозициски фронт и покрај тоа што ние како СДУ, а ги слушаме и во ЛДП кажуваат дека тоа не е целиот опозициски фронт во Македонија. Мислам дека ние имаме многу повеќе што да кажеме, додека капацитетот и на еден начин ако можам да кажам истрошеноста на тој блок со тие лидери кои што функционираат, апсолутно само ќе го продолжи мандатот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
За функционирањето на Владата
Ние ги гледаме резултатите така што нема резултати. Во суштина факт е дека кога започна целата преродба, ако така може да кажеме 2006 година се работеше напорно петнаесетина месеци, беше посветена и владата и владеачката партија кон таа т.н преродба. Меѓутоа за жал очигледно искушението во власта во една млада незрела демократија која што има широко изразена корупција, бирократски систем, недоизградени институции, искушението е преголемо и сите власти покажаа дека неможеа да одолеат на самото искушение. Значи она во што најверојатно претходно верувале или кажувале дека веруваат во одредени вредности, понатаму се самите најголеми виновници за таа нивна трансформација, и денеска имаме една влада која што целосно се разликува од претходната влада. Можете да видите ВМРО и ДУИ функционираат дневно, немаат никаква платформа или програма на која функционираат, функционира владата како суштество со две глави, и има класична поделба на сферите на интерес и крајниот резултат е дека нема никаква реформа и резултати. Владата денес функционира во целосен транзициски филм кој што не сакаме повеќе да го гледаме, бидејки едноставно и ние во СДУ, меѓутоа и граѓаните се веќе изморени од тоа што ни се случува како држава. Гледаме дека секој дневно има еден шпански серијал помеѓу ВМРО и СДСМ, каде што они во суштина го вадат својот “прљав веш”. Они се тие што правеа сите овие дваесет години се во Македонија, бидејки владееја и едните и другите. Таму внатре во членството има и прекрасни луѓе, јас сум израснал во СДСМ и добар дел од тие луѓе што придонесуваат за опцијата сега се надвор разочарани или на друга страна, меѓутоа тие што ги водат главните лостови во една партија, очигледно покажаа дека незнаат ништо повеќе да направат и да понудат на државата освен ова што го нудат до сега. И сега со таа моќ што ја имаат двете структури се обидуваат да видат кој е попаметен, а и граѓаните полека сваќаат дека и двете опции се многу слични во суштина и дека Македонија ја водат се повеќе и повеќе на дното.
Многу е јасно што е главниот проблем во Македонија, тоа се токму владеачките структури овие дваесет години кои што произлегла само од две партии.
Што би требало да направи владата сега за конечно и итно решавање на грчко македонскиот спор?
Имајки предвид дека јас не сум учествувал во преговорите деталите не ги знам, меѓутоа како човек кој е петнаесетина години во меѓународната политика, како што спомнавте и преку Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, мислам дека чекорите не беа изиграни најтактички за да дојдеме до одредено конечно решение, имајки предвид од друга страна дека Македонија сепак ги исполни основните критериуми за членството во НАТО.
Друг е проблемот денес и во НАТО и во евро атлантски свет за така наречениот нов стратешки концепт каде што самата Алијанса ја бара својата визија кон иднината, имајки предвид дека се се поголеми предизвиците и од безбедносен и од политички карактер.
На еден начин тоа беше преседан и беше една голема неправда кон Македонија меѓутоа тоа е реалниот свет, и сето тоа што од Букурешт до денес се случува е тапкање во место.
Ние во иднина мора да ги динамизираме дипломатските напори неможеме на ова ниво повеќе да разговараме, границите се стеснуваат се повеќе , дури и нашите големи сојузници и подржувачи, најголемата светска сила САД, и кај нив повеќе не ја гледаме таа енергија и таа подршка која што беше исклучителна пред две, три години па и повеќе години.
Тие до некаде се изморени од овој ирационален спор каков што е, меѓутоа каков и да е спорот тој е реален и ние мора да се соочиме со него и да го решиме.
За жал во македонската јавност како што функционираат сите власти овие дваесетина години, бидејки спорот е од самиот почеток од независноста на државата, спорот многу повеќе се користи за добивање на домашни политички поени отколку за реално вклучување во процесот и реално решавање, а такво нешто слично се случува и сега.
Вие не станавте дел од ДЕМОС
Не станав дел од Демос. Реков, не се согласувам со основните вредности и негледам дека имаме нешто заедничко со неговите челници бидејки неможете вие со години да подржувате одреден систем кој што го развивал Бранко Црвенковски во СДСМ. Ако не сте сега дел од новата раководна гарнитура вие на еден начин да покажувате сега реакција. Кога требало не сте покажале ништо, не сте се бореле за одредени вредности внатре во партијата за одредена внатрешна демократија.
Каков е вашиот однос спрема професионалните војници со старосната граница по нивното завршување со кариерата
Ние како партија поднесовме предлог низ неколку фази како може да се разреши тој проблем, кој што сметам дека не е ни воопшто голем, меѓутоа дополнително за Македонија ја поставува под прашање од морален аспект , дали можете луѓе кои што биле спремни да ја жртвуваат главата за татковината денеска да ги испратите на улица?
Ние како партија тоа никогаш не би го подржале и затоа излеговме со одреден предлог во неколку фази. Прво добар дел од тие војници можат да работат на други неборбени задачи, како што работат и во други НАТО држави до 45 години. Од друга страна може да апсорбираат дел и МВР и Министерството за правда, по затворите и по други агенции, исто така дел од главниот предлог беше да се формира Агенција за обезбедување за државните институции. Ние не се мешаме во приватниот сектор, меѓутоа во државниот сектор се прелеваат огромни средства од буџетот на државата кон приватните агенции. Значи станува збор за група на луѓе кои што се обучени, што се секојдневно под тренинг, морални, чесни, немаат криминално досие и едноставно такви луѓе некоја држава би плаќала за да ги има, како што плаќаат странски агенции да одат се повеќе и повеќе наши луѓе во Ирак и Авганистан.





