Претседателот на Социјалдемократска Унија Лазар Еленовски, вчера на 18.04.2010 год. гостуваше во емисијата Интервју на ТВ Канал Визија – Прилеп, во која меѓу другото истакна:
“Нема разлика помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Нивната транзициска игра е само да си ги менуваат улогите, без да носат и да градат вистински вредности во македонското општество. Во Македонија не може да има таканаречен трет пат, зошто нема ни втор. И ВМРО ДПМНЕ и СДСМ веќе дваесет години го градат транзицискиот пат, само прашање е на нивната надворешна форма и манифестација дали се во опозиција или на власт. Ниту еден круцијален проблем на оваа држава не го решија.
Ние веруваме дека на Македонија треба да и се случи едно демократско исчекорување. Доста е од тоа двете големи партии да се борат да останат на власт, да се партизира државата, да се вршат најразлични притисоци, да се врши контрола на се, да се создава корупција која потекнува од самите механизми на функционирање на државата. На народот му фали една поширока демократска перцепција, која овие две партии не дозволуваат да ја има”.
Емисијата се реализираше во рамките на пролетната кампања на СДУ ширум Македонија.





