Прес на СДУ за т.н. лидерски средби.Незнаеме до каде се границите на потценувањето на сопствениот народ, и рушење на темелите на државата и демократија од страна на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на Бранко Црвенковски во нивната немоќ, неодговорност и незнаење во соочувањето со предизвиците за државата.
Уште една голема демонстрација на нивното отсуство на државнички и демократски капацитет се тн лидерски средби.
Во таа насока сакаме да им кажеме неколку лекции по демократија
Најпрво со прифаќањето на тн лидерски средби тие кажуваат дека не ги интересира демократскиот систем во државата и се спремни да прифатат вонинституционално решавање на прашањата. Со самото тоа тие го супституираат Уставот на државата а дополнителната иронија е дека се работи токму за уставните промени. Потенцираме, лидерските средби не се уставна категорија ниту се државна институција.
Затоа сакаме да им порачаме дека ако можат централистички и недемократски да раководат со своите партии не значи дека треба и со Македонија.
Понатаму, пораката и впечатокот во јавноста е дека Владата на РМ не функционира те коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се се подалеку еден од друг и затоа е потребно ова заташкување и одвлекување од реалните проблеми.
Во сето тоа е согласен и Бранко Црвенковски бидејќи на овој начин тој исто така ја сокрива својата слабост како најголема опозициска партија.
Како главни слабости на лидерските средби сметаме дека се состојбите кои се наметнуваат од ваквото поставување на работите
Прво, Македонија не е држава на етнички заедници уште помалку е бинационална држава, туку согласно Уставот е граѓанска и демократска држава.
Второ, Македонија не е племенска заедница на поглавици туку е парламентарна демократија.
Таа има демократски институции кои треба да функционираат, не да се супституираат и да се деградираат.
Ние не го спориме нивното заедничко мнозинство во Парламентот и токму затоа таму нека ги решаваат проблемите и предизвиците за државата. Ако незнаат нека се тргнат настрана.





