
Соопштение за јавноста.
Деновиве со дебатата од тн лидерска средба за уставните промени и предлогот за ревизија на приватизацијата повторно јавноста е соочена со старата добра игра на јајцето и кокошката која ВМРО ДПМНЕ и СДСМ на Бранко Црвенковски ја практикуваат 20 години играјќи си безмилосно со сопствениот народ.
Уште и се гласни, безобразни во таа нивна ароганција кога за еден од најбитните процеси во државата како што е приватизацијата при здрава памет пред очите на цела македонска јавност се надигруваат со термините на – “нашата” и “вашата” приватизација.
Сакаме отворено и јасно да им кажеме дека вистината е во тоа што тоа е - нивната приватизација. Тоа е нивната заедничка криминална приватизација бидејќи заедно се договорија сите овие години да ги жртвуваат државните интереси и судбините на многу наши граѓани на сметка на нивните лични и групни коруптивни интереси. Тоа е нивната приватизација што како резултат ја има највисоката стапка од 35% невработеност во Европа, уништени работнички права, уништени стоилјадни семејни перспективи, уништен социјален систем на државата, уништен економски развој.Состојба од која до ден денес не може да се опоравиме.
Единствено што создадоа е нивната олигархија од една и армијата осиромашени, разочарани, деградирани граѓани од друга страна. Тоа е крајниот резултат од таа нивна приватизација и доколку имаат минимум демократски капацитет и патриотско чувство, а ние знаеме дека немаат, би требало веднаш да си понесат одговорност за овој голем национален пораз до кој ја доведоа државата и нацијата.
Овој очигледен случај уште еднаш силно ја нагласува потребата дека на Македонија и требаат нови политички сили без хипотеки со криминална приватизација.





