Home Прес Центар Новости Форум на жени на Социјалдемократска Унија

Форум на жени на Социјалдемократска Унија

zeni1Социјалдемократската Унија, на 21.03.2010 година, го одржа оснивачкото собрание на Форумот на жени, на кои се избрани органите на организацијата на жени на СДУ.
За Претседател на Форумот на жени е избрана Никица Јовановска од Аеродром, за Потпретседатели Драгица Силјаноска од Кичево и Билјана Попоска од Прилеп.
На ФЖ на СДУ е донесена Декларација за работа на Форумот на жени на Социјалдемократската Унија.


Во согласност со политиката на Социјалдемократската Унија (СДУ) за интегрирано демократско општество, втемелено на принципите на еднаквост, рамноправност и солидарност,

Тргнувајќи од програмската определба на СДУ за еднакви можности на мажите и жените во Република Македонија,

Форумот на жени на СДУ донесува

 

Д е к л а р а ц и ј а
за работата на Форумот на жени на Социјалдемократска Унија (СДУ)


Форумот на жени на Социјалдемократската Унија (СДУ) се формира на ден
21 март 2010 година.

Форумот на жени на СДУ во својата работа ги вклучува сите жени на територијата на Република Македонија: вработени и невработени, жени самостојни, жени сопруги, жени мајки, македонки, албанки, бошњачки, влаинки, турчинки, србинки, ромки и сите други кои живеат во земјата.

Во согласност со политиката на СДУ, Форумот на жени е отворен за секој жител на Република Македонија без разлика на етникум, религија, пол, сексуална определеност, професија, возраст, социјален статус, образование или регион.

Форумот на жени на СДУ работи на подобрување и унапредување на:

• Условите за работа на жените во Република Македонија
• Соодветна грижа за здравјето на жените и децата
• Поголеми можности за образование на секоја жена и овозможување на доживотно учење
• Борба против секаков вид на насилство врз жените и децата
• Помош и поддршка на жените и децата жртви на секаков вид на насилство - психичко, физичко, сексуално, на работа, дома и во услови на војна, конфликт и вонредна состојба
• Поттикнување на позитивна биополитика кој ќе им овзоможи на жените право на избор и одлука за своето семејство
• Помош и поддршка на семејствата со деца со ретки болести и деца со пречки во развојот
• Почитување и заштита од злоупотреба на правата на децата
• Помош, поддршка и унапредување на состојбите на самостојните жени и самохраните мајки
• Недискриминација и инклузивност на ЛГБТ популацијата


Форумот на жени на СДУ работи врз основа на принципите на транспарентност, демократичност и регионална застапеност. Секој член се охрабрува да земе активно учество во изградба и развој на политиките на Форумот и спроведување на неговите активности.

Член на Форумот на жени може да биде секој член на Социјалдемократската Унија (СДУ), полнолетен граѓанин на Република Македонија.

За поширока платформа во својата работа, Форумот на жени вклучува и други лица кои се залагаат за еднакви можности на наведените целни групи во Република Македонија кои можат да се вклучат како симпатизери, соработници, советници и лобисти.

 

 

 

 

 

Профили

webmail