Скопје, 10. февруари - Проектот ,,Скопје 2014,, треба да ги отсликува новото време и новата македонска државност и општество, оцени денеска на прес конференција лидерот на Социјалдемократската унија Лазар Еленовски.
Во проектот ,,Скопје 2014,, има прифатливи парцијални, или поединечни содржини, но за да биде целосен проект, треба да биде реален , издржан и да образува целосно урбанизирана структура со детали околу сообраќајните решенија, зеленилото, елементите на подземниот катастар и слично, смета Еленовски.Еленовски објасни зошто СДУ не се согласува со начинот и формата, со кои Владата сака да го реализира проектот ,,Скопје 2014,,.
Прво, проектот е нереален, временски неизводлив и површен. Невозможно е за толку кратко време да се реализира, поради што претставуваа обид на власта за дефокусирање и манипулирање со јавноста, во отсуство на други реални резултати.
Македонската јавност се сеќава на слични вакви проекти кои што државата ја чинеа неколку стотици милиони долари, како што беше проектот за изградба на пругата до Бугарија, патот од Велес до Прилеп, преку бабуна и слично, смета Еленовски .
Второ, додава Еленовски, проектот е мегаломански и ќе чини огромни средства. Нешто што во моментот Македонија го нема, особено во однос наа други приоритети, како што се економијата, невработеноста, животниот стандард на граѓаните, социјалната политика...
Лидерот на СДУ Еленовски потсети дека во кампањата за локалните избори, но и сега остро се споротиставува на изградба на нова црква на плоштадот, бидејки тоа ќе придонесе кон нарушување на мултиетничката демократија.
Нашата оценка е дека власта која до денеска е нетранспартна, за проектот ќе мора да отвори широка дебата за едно вакво крупно прашање која може да заврши токму со нивниот декларираан принцип на работа и отчетност, односно со референдум, рече Еленовски.





