Home Прес Центар Новости Лазар Еленовски го доби судскиот спор со Шеќеринска, Минчев и Мисовски

Лазар Еленовски го доби судскиот спор со Шеќеринска, Минчев и Мисовски

elenovskimala1Судот во Скопје, ги прогласи за виновни пратениците Радмила Шеќеринска, Горан Минчев и Горан Мисовски и им изрече казна - опомена за навреда.

Тие се осудени во процесот што против нив го поведе лидерот на Социјалдемоктратската Унија и поранешниот министер за одбрана Лазар Еленовски.

Еленовски изјави дека е задоволен од судската разврска, бидејќи, со правни средства ,ја докажал вината на обвинетите, за кои и судот утврдил дека го направиле кривичното дело.

Лазар Еленовски во тужбеното барање за овој судски процес, побаруваше 5 милиони денари за оштета, што ќе биде предмет на дополнителна парнична постапка.

Еленоски ги тужеше тројцата пратеници, поранешни високи фуинкционери на СДСМ и НСДП, дека неовластено, во кампањата за парламентарните избори минатата година, користеле снимка и истргант дел од негов говор на седница на Централниот одбор на НСДП.

Како сведок во судската  постапка беше испрашан и лидерот на НСДП Тито Петковски.
 

Профили

webmail