Home Прес Центар Новости Пресконференција на СДУ: Законско решение за прашањето на бранителите

Пресконференција на СДУ: Законско решение за прашањето на бранителите

Социјалдемократската Унија искажува задоволство и го поздравува чинот на прифаќањето, од страна на државниот Правобранител и  на МВР, на  апелот на СДУ, за повлекување на тужбите за бранителите.



Со тоа, тие се одзваа на повикот на СДУ, на здружението   “Достоинство” и другите политички и неполитички здруженија, со цел да се исправи една неправда кон  бранителите.

Сега кога проблемот е зад нас, треба да се затвори прашањето не само за бранителите, туку и за сите слични групи граѓани.

Потребни се политичка волја и јасна визија дека сите прашања од минатото треба да се затворат достоинствено за да можеме да се свртиме поцелосно кон иднината.

Со таа визија СДУ ќе продолжи со поддршката за бранителите, чие прашање треба да се затвори на еден интегрален и сеопфатен начин,  односно со закон.

 

Профили

webmail