Home Прес Центар Новости СДУ повикува на национално единство

СДУ повикува на национално единство

Социјалдемократската Унија го свика денешниот прeс по повод најновите случувања во македонско-грчкиот спор и најновото усложнување во процесот предизвикан од радикалните барања на Република Грција.



Само да ве потсетам дека само до вчера главна тема во јавноста генерирана од двете политички партии и нивните назависни експерти и институти беше дали да има референдум или не. Исто така главна манипулација за која ние како СДУ постојано предупредувавме беше дебатата за промена на името без да се каже јасно за кое име станува збор. Дополнување на тоа беше до пред две години непостоечката, сега доминантна дебата за идентитетот и јазикот наметната од тие кои 15 години не направија ништо.
Како целосен производ денес ние имаме збунета јавност и големо неединство дома и како директен резултат нарушени национални позиции преку ослабената меѓународна позиција на државата што е директна одговорност на главните политички протагонисти.

Од друга страна Грција има национален консезус по ова прашање.
Како партија која постојано повикува на обединување го упатуваме повторно барањето, убедени дека нема друг пат, да се седне на маса и да се договорат националните позиции. Повеќе од секогаш ни е потребно севкупно национално единство.
Владата да се отвори и консултира со опозицијата, а опозицијата да не се обидува врз едно така суштинско прашање да влече ефтини политички поени. Дополнително дека нема морално право за тоа бидејќи таа иста гарнитура имаше обврска 15 години пред народот и државата тоа да го реши.
Македонија е посветена на евро-атлантската перспектива, а само сите заедно може да ги надминеме овие големи предизвици и да зачекориме кон светлата европска иднина за граѓаните и државата.

 

Профили

webmail