
Станува збор за битен специфичен безбедносен ресурс на државата, беше речено на денешната трибина, во организација на СДУ.
Тоа се обучени,тренирани луѓе во кои државата вложувала со години но и кои многу дале за државата. Тие се дисциплинирани и без криминално досие и можат многу успешно да функционираат на било кое слично место низ државната структура, нагласено е на трибината.
Ваквиот статус може да се направи на повеќе начини.Прво, со зголемување на старосната граница за служба во АРМ и со преместување на војниците од борбените единици и единиците за поддршка на борбените единици во други единици, команди и структури во самата армија.
Второ, на професионалните војници да им се овозможи да бидат ангажирани во сродните министерства, како МВР, Министерство за правда и слични државни институции и агенции.
Од трибината на СДУ, исто така произлезе, предлог за формирање на државна служба за обезбедување каде многу лесно би се нашло место за сите професионални војници па и за луѓе од МВР.
Државата одвојува огромни финансиски средства за обезбедување на државните институции на приватни агенции. Ангажирањето на професионалните војници, во една ваква институција, ќе даде дополнителен квалитет и стандард во обавувањето на оваа функција. Во таков случај дел од нив би можеле да се ангажираат и во резервниот состав на АРМ.
СДУ смета дека реализацијата на еден ваков проект е државен интерес. Дополнително Македонија е социјална држава а и за самиот проект ќе треба многу помалку буџетски средства отколку досега.





