Социјалдемократската Унија и понатаму силно ќе го промовира мултиетничкиот карактер на партијата и притоа ќе остане отворена за сите оние кои сакаат просперитет и добробит за сите, без разлика на верата или националната припадност, истакна претседателот на СДУ Лазар Еленовски на синоќешната Конференција на ОО СДУ – Чаир.
На прашање на еден од присутните кој се претстави како професионален војник, дали Еленовски како поранешен министер за одбрана има став за протестот на професионалните војници, претседателот на СДУ истакна:
- СДУ е во финална фаза на градење на концептот кој мислиме дека трајно и квалитетно ќе го реши проблемот со професионалните војници. Во подготовка сме на јавна трибина на која ќе го претставиме концептот, а воедно со поканетите експерти во таа област преку дебата да предложиме конкретно решение истакна Еленовски.
За претседател на ОО СДУ – Чаир беше избран Али Февзи.






