Социјалдемократската Унија најостро ја демантира денешната објавена вест, презентирана на пресконференција на партијата ПОДЕМ, за наводно преминување на општинската организација на СДУ – Чаир во нивните редови.
Пресконференцијата на ПОДЕМ ја сметаме единствено како обид за медиумско оживување на партијата која во последниот период се соочува со масовно одливање на членството, вклучувајќи ги и двајцата нивни потпретседатели.
Смешна е и комична идејата да објават за преминување на цела општинска организација, бидејќи во нивните редови се приклучи единствено човек кој буквално во моментов немаше никаква партиска функција.





