Home Прес Центар Новости Пресконференција на претседателот на СДУ Лазар Еленовски по повод демаркацијата на границата и воспоставувањето на дипломатските односи со Република Косово

Пресконференција на претседателот на СДУ Лазар Еленовски по повод демаркацијата на границата и воспоставувањето на дипломатските односи со Република Косово

Почитувани,

Најпрво би сакале да потенцираме дека Социјалдемократската Унија никогаш нема да прифати да си поигрува со националните интереси на начин како што тоа го прават ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во овие 18 години самостојност и како што тоа повторно се потврдува со прашањето за демаркацијата  на границата со Република Косово. Ние имаме јасни патриотски, демократски  и неопортунистички принципи на дејствување кои не зависат од моменталната позиција на партијата и за нас секогаш државните интереси ќе бидат пред партиските.



СДУ ја поздравува одлуката на македонската Влада и Парламент за договорот за демаркација на границата меѓу РМ и РК што брзо би требало да доведе до воспоставување дипломатски односи меѓу двете соседни држави под уставните имиња на државите. Тоа го сметаме за исклучително позитивен чин во поглед на регионалната стабилност и доказ за меѓународниот рејтинг на Македонија како држава контрибутор за регионот.

Би сакале јавноста да ја потсетиме на два факта: прво демаркацијата е нешто што требаше до сега да се случи, имајќи го предвид фактот дека Македонија го подржа уште од самиот почеток Планот на претседателот Ахтисари, а ова е токму негова реализација во тој дел. И второ, да потсетиме дека демаркацијата сите политички фактори во државата ја третираа како техничко прашање.

Затоа ни е нејасно и непринципиелно кога парламентарната опозиција во пресрет на решавање на прашањето излегува со чудни ставови (како менување на територии), кои не коинцидираат со ставот за техничко прашање и уште повеќе со чувството на градење на имиџот на Македонија како држава партнер и контрубутор во поглед на регионалната и светската безбедност. Тоа е духот на минатото.
Уште повеќе нелогично е кога тие прифаќаат компромис за едно многу побитно национално прашање како што е името, а за 1-2 ниви не можат да прифатат компромис со самите себе, помеѓу нивните сегашни позиции и минати ставови.

Од друга страна очекуваме дека македонската Влада на истиот начин на кој го реши ова прашање значи со изразена волја за компромис и визија за перспективата на државата да пристапи без одлагање и да го решат главното прашање за евроатланската иднина на Македонија, прашањето на меѓународното име на државата.

Имаме неполни два месеци до за нас многу битни состаноци на највисоко ниво и во ЕУ и во НАТО, кои не треба да бидат повторно национално разочарување, а тоа пред се е одговорност на Владата.

 

Профили

webmail