
На ден 17.10.2009.година (сабота) се одржа третата седница на Централниот Одбор на Социјалдемократската Унија.На седницата главна тема за дискусија од дневниот ред беше проширувањето на Централниот Одбор со кооптирање на нови членови.Се формираа две нови комисии, комисија за спорт и комисија за здравство, а воедно и одлуките за започнување на подготовки за одржување на Првиот Конгрес на младината на СДУ и формирање на нови општински организации.






