
Лидерот на СДУ Лазар Еленовски за можноста од нов политички блог
ИДЕЈАТА НЕ Е СПОРНА СПОРНИ СЕ ПРОМОТOРИТЕ
Повод за денешниот прес на Социјалдемократската Унија е најава за формирање на тн блок на помалите политички партии или уште повеќе трета опција претставена деновиве од одредени политички и бизнис структури.
СДУ смета дека ова е уште еден комедијантски обид на луѓе чија единствена цел во политиката била политичкото преживување а единствени методи манипулацијата и интригата повторно да најдат некаков приклучок единствено заради политичко продолжување на животот.
Тие луѓе се синоними на мачната и долга македонска транзиција , успешно градеа и функционираа во два система и сега сакаат да градат трет нешто што кога не би било трагично би било смешно.
Веднаш да кажеме дека на тој начин тие директно го помагаат црно-белиот транзициски свет на ВМРО и СДСМ и го продлабочуваат националниот пораз што како резултат и состојба се поставува пред Македонија по нејзиното дводецениско опстојување како самостојна држава.
На Македонија навистина и треба една уникатна и нова политичка сила , еден нов политички процес кој ќе има единствена цел да ја надмине транзицијата, да расчисти со транзициските феномени како партизација, политичка манипулација, криминал и корупција, сиромаштија, системска невработеност и на тој начин да го надмине националниот пораз пред кој сме исправени и да ги постави темелите на едно демократско , прогресивно и европско општество и држава.





