Охрид 05.07.2009 година.Се појасно се манифестираат сериозни знаци кои укажуваат на натамошно влошувања на економската и политичка ситуација на земјата, констатираше Лазар Еленовски, претседател на Социјалдемократската унија (СДУ).
Говорејќи на Изборната конференција на СДУ за општина Охрид, Еленовски рече дека со трговски дефицит од скоро милијарда долари, преполовениот извоз и намалена трговска размена за 36 посто, во петте месеци од годинава, неповолната економска клима, нужно ќе доведе до усложнување на политичката и социјалната ситуација.
Сето тоа може да кулминира наесен, кога е време за конечна разврска на грчко-македонскиот спор околу името, Извештајот на ЕК и расчистувањето на ситуацијата околу нашето влегување, или невлегување во НАТО алијансата. Целиот тој сет на политички прашања, доколку добие, за нас непосакуван правец, нужно ќе ги заостри и внатрешните мегунационални односи, предупреди Лазар Еленовски.
За претседател на Општинската организација на СДУ во Охрид, повторно е избран Марко Спасески.





