Home Прес Центар Новости Прес конференција на претседателот Еленовски по повод изјава на медијаторот Метју Нимиц

Прес конференција на претседателот Еленовски по повод изјава на медијаторот Метју Нимиц

pres08.07.2009Повод за денешната прес конференција на Социјалдемократската Унија е вчерашната јасна и децидна изјава на медијаторот Метју Нимиц, дека не се преговара за идентитетот и јазикот и дека никој тоа во светот не го спори.
На тој начин, целата македонска јавност можеше да види дека целиот притисок  врз граѓаните во последните две години се сведе на еден голем издишан балон и голема политичка манипулација произведена во домашната кујна.

Исто така да ве потсетам за ставот на СДУ дека ние постојано зборуваме дека нема никаква опасност за идентитетот и јазикот и дека тоа е измислено од политичките елити да не го решаваат прашањето за јазикот само за да не изгубат ефтини политички поени.На тој начин они самите ја доведоа во прашање државноста на Република Македонија и нејзиниот меѓународен углед и позиција.

Мирните зборови на Нимиц се да се изразам со спортски речник класичен нокдаун за политичките елити на државата.Затоа ги повикуваме Владата на РМ и поранешниот претседател Црвенковски јавно да се извинат на граѓаните со што барем би го ублажиле срамот што и го нанесоа на Македонија и нејзините граѓани.

Ставот на СДУ останува јасен, дека ова е приоритетно прашање за Македонија, не е баук или вештерка за плашење на сопствените граѓани и дека мора да се реши во најскоро време бидејки нерешавањето го кочи развојот и иднината на Македонија.

Прес конференција на претседателот Еленовски

 

Профили

webmail