
На ден 21.06.2009 година Социјадемократската унија со свечена седница на Централниот одбор ја прослави годишнината од своето постоење.На состанокот беше донесена одлука за одржување на првиот партиски конгрес кој ќе се одржи на 11.07.2009 година, на кого ќе биде промовирана една нова партиска програма, ново партиско раководство кое ќе биде едно освежување и една нова конкуренција на политичката сцена.

Во своето обраќање пред членовите на централниот одбор претседателот Лазaр Еленовски потенцира дека СДУ останува цврсто на својата опција и визија да биде прва граѓанска и мултиетничка партија во Македонија.

На новинарско прашање дали партијата има намера да влезе во власта Еленовски со став дека тоа нема да се случи.
“Цела година носиме една хипотека дека ние на еден начин сме блиски до власта, Македонија е мала држава, ние имаме релации со многу луѓе и во власта и во опозицијата“, истакна лидерот на партијата.

Сите влади на еден начин работат на ЕУ и НАТO агенда, прашање е како работат и со кое темпо. Со која динамика и со која посветеност. За жал имаме одредено закочување на процесите во поглед на нашата интеграција.
“Мораме да се соочиме со вистинското прашање односно за нас останува приоритет членството на Македонија во евроатлантските институции, бидејќи ние цивилизациски како народ таму припаѓаме. Досега тој тежок пат од 15 години го истеравме со различно темпо останува сепак фактот дека Македонија критериумите за НАТО ги исполни, сега останува уште еден услов тоа е прашањето за решавање на името“ рече претседателот Еленовски.
По завршувањето на седницата,беше приреден пригоден коктел, каде што членовите и симпатизерите ја прославија годишнината од своето постоење.





