Во просториите на хотелот Бест Вестерн на 12.06.2009 година беше одржана изборна конференција на општинска организација на СДУ-Центар. На конференцијата најпрво беше избрано работно претседателство од три члена кое ја водеше конференцијата.Под седмата точка од дневниот ред беа предложени едногласно усвоени органите на општинската организација на Социјадемократската Унија-Центар со мандат за наредните четири години во состав: Претседател Сашо Атанасов и секретар Дејан Поповиќ. За избор на делегати за престојниот конгрес на СДУ општинската организација делегираше осум кандидати кои беа предложени а воедно и усвоени. Предлог кандидати за членови на Централен одбор од ОО-Центар се: Ѓорги Тоновски, Снежана Георгиева Јаневска и Сашо Атанасов. За член на надзорен одбор беше предложен Стојадин Поповиќ, а како единствен кандидат за претседател на СДУ беше предложен Лазар Еленовски.





