Home Прес Центар Новости Прес конференција на СДУ по повод одлуката на Уставниот Суд за веронауката во образовниот процес на РМ

Прес конференција на СДУ по повод одлуката на Уставниот Суд за веронауката во образовниот процес на РМ

press_16.04.09Социјадемократската Унија ја поздравува одлуката на уставниот суд за укинување  на веронауката од образовниот систем во Република Македонија и смета дека согласно уставот и демократските принципи на државата, Македонија e секуларна држава и дека секуларизмот треба да продолжи да се негува. Сметаме дека треба да биде одвоена религијата од државата бидејќи последните трендови покажуваат дека има се поголемо мешање на тие категории.
Ние го почитуваме правото на вероисповед на секој граѓанин но како што е напишано во уставот  тоа треба да е во приватниот живот на граѓанинот, не во јавниот живот, и затоа ја поздравуваме одлука на уставниот суд која е конечна.

Исто така сметаме дека  реакциите на одредени политички партии во поглед на одлуката се несоодветни и ги сметаме за непримерни, бидејќи основниот демократскиот принцип во поделбата на власта на законодавната, извршна и судска мора да се почитува од сите.

Дополнително имајќи предвид дека со реакција во јавноста излегоа и дел од верските заедници, кои се посебно охрабрени во нивното функционирање во последниот период од официјалната политика на владата, сметаме дека одредените изјави кои што исто така од вчера ги слушнавме во поглед на коментар на одлуката на уставниот суд дека едноставно не им е местото во јавноста.
Одлуката е конечна и треба на тој начин да се прифати и да се имплементира во другите државни органи задолжени со таа одлука.

 

Профили

webmail