Home Прес Центар Новости Реакција на СДУ по повод новонастанатите проблеми во Сведмилк

Реакција на СДУ по повод новонастанатите проблеми во Сведмилк

Социјалдемократската Унија изразува жалење за новонастаната состојба со млекарницата  Сведмилк,и истовремено дава целосна подршка на млекопроизводителите во процесот на наплата на своите долгови од  Сведмилк.
Главната причина за ваквата неповолна (банкрот) состојба на кооперантите на Сведмилк,гледаме во неодговорниот однос на институциите на системот.



На пресот на СДУ во јануари 2009 година,беа актуелизирани проблемите  на фармерите и беше понудено решение за надминување на проблемите со откуп на долгот на фармерите од страна на Владата.И покрај навремените укажувања,Владата на РМ продолжи со игнорантскиот однос и несериозен пристап за решавње на натрупаните проблеми,со што дирекно придонесе да дојде до најлоша можна ситуација,односно до комплетна финансиска  истрошеност на кооперантите на Сведмилк,колење на високорасни млечни грла и уништување на пазарот на сурово млеко во РМ.
 

Профили

webmail