
Со овие податоци можеме да кажеме дека Социјалдемократската унија полека се втемелува на политичката сцена.Изборите поминаа со одредени слабости и лесно може да се лоцираат причините за изборните резултати:
- Како млада политичка структура немавме доволно време да се етаблираме на теренот.
- Политичката опција која што ја градиме и нудиме е граѓанска и мултиетничка но сеуште нова и поради немање доволно политички простор е недоволно објаснета кај граѓанинот.
Социјалдемократската Унија беше единствената партија која излезе со јасен концепт и програма за развој на град Скопје за разлика од другите кандидати кои имаа неразбирливи или воопшто немаа никакви програми,но партиската и етничката поделеност меѓу избирачите и овој пат потврди дека тоа не игра голема улога во определувањето кај гласачите.Социјадемократската Унија продолжува со градење на својата автономна политичка опција која ќе биде надополнета со нови политички социјадемократски елементи и ќе добие поинаков лик кој ќе биде неопходен за понатамошното дејствување на политичката сцена.





