Home Прес Центар Новости Митаноски во Пештани: "Кон вас се неправедни и локалната и централната власт"

Митаноски во Пештани: "Кон вас се неправедни и локалната и централната власт"

"Ќе ја примораме локалната власт, да сврти нова страница во односот кон туристичката населба Пештани", им рече на жителите Веле Митаноски, потпретседател на СДУ и носител на советничка листа. Карванот на СДУ, кој во Пештани го предводеше лидерот на Партијата Лазар Еленовски, наиде на одличен прием кај жителите, кои истакнаа бројни примери на нарушена комуникација со локалната и централната власт, отсуство на идеи и подготвеност да се излезе во пресрет на нивните барања.

Лазар Еленовски на Пештанци им кажа дека овие избори СДУ не ги користи за празни ветувања, туку да преземе одговорност за иднината на земјата.

"Пат, вода и струја, за секој граганин, за секоја средина, можеби звучи застарено, но за жал е наша реалност. Вие тоа најдобро го чувствувате. За останатите градови во Македонија сте прво туристичко место, а всушност ги немате разрешено ниту основните комунални потреби," потенцираше Еленовски. Тој напомена, дека не е случајно, што Партијата се одлучила, токму својот потпретседател да го кандитира на локалните избори во Охрид. "Тоа е наш долг и наша одговорност кон потребите на граганите", напомена Еленовски.



Носителот на листата на СДУ во Советот на општина Охрид Веле Митаноски, напомена дека и локалната и централната власт, кон Пештанци се неблагодарни и неправедни, барем по два основи.

"Овде многу се гради. Градите вие, од вашите инвестиции во куќи и сместувачки капацитети, големи средства, како комунални такси, се влеваат во општинската каса. Но малку од тоа ви се враќа", рече Митаноски. Втората неправда, според Митаноски, е фактот што, преку туризмот, како стопанска гранка, како еден вид индустрија, Пештанци, преку туристичката такса, преку ДДВ и другите давачки, директно учествуваат во полнењето на општинскиот и републичкиот буџет. Малку од тоа им се враќа, ако се погледнат неуредениот кеј, крајбрежјето, пристапниот пат".

Веле Митаноски, им гарантираше на Пештанци, дека со нив во Советот, локалната самоуправа, ќе мора, пред македонската јавност, пред се, охридската, да објасни како е можно Пештани да го става во туристичките проспекти, да се гордее со неговите убавини, а зад таа "фасада" всушност да се крие една задскриена грда слика.

"Како е можно, едно од најубавите места во Македонија, најверојатно најпосетеното со туристи, да пружа услуги, во услови на септички јами, или како што рече вашиот сограганин Крсте Размоски, со авганистански слики на отворени улични фекални водотоци"?, запраша  Митаноски.



Веле Митаноски, го истакна како гордост за Пештанци, фактот што во сезоната, во оваа туристичка населба има трипати повеќе туристи отколку жители. Тука е еден од најубавите сместувачки капацитети - хотелот "Десарет". Има прекрасни плажи, но одговорните не се грижат за еколошката заштита.

"Се восхитуваме на една Лептокарија, или   Паралија, а забораваме дека тука до нас, имаме многу поголеми вредности, за кои водиме малку грижа", им рече на Пештанци Веле Митаноски, потпретседател на СДУ и носител на Советничка листа, преземајќи ја одговорноста, таквата перцепција и таквиот однос на локалната самоуправа, да се променат веднаш локалните избори.

 

Профили

webmail