Home Прес Центар Новости Средба со жителите на Радојца Новичиќ

Средба со жителите на Радојца Новичиќ

Продолжува претставувањето на изборната програма на СДУ пред охриѓани и жителите на околните села и населби. Синоќа средба со жителите на населбата Радојца Новичиќ.
Вториот дел од кампањата, ќе мине, главно, во контакт со граѓаните, потенцираат од ОО на СДУ. Претседателот Марко Спасески, потпретседателот ан партијата и носител на советничката листа Веле Митаноски и дел од советничката листа по средбата со жителите на Куратица,синоќа остварија средба со жителите на населбата Радојца Новичиќ. На средбата стана збор за проблемите со кои се среќаваат жителите на оваа голема приградска населба.



“Директниот контакт со граѓаните ќе го одбележи вториот дел од кампањата на СДУ. Одиме меѓу народот за изворно да слушнеме за проблемите со кои се среќаваат и потребите кои ги имаат. СДУ започна со околината на Охрид затоа што таму има повеќе проблеми, неасфалтирани улици и слично. Градската средина помалку или воопшто не се среќава со овие проблеми“ , порача Митаноски.



“Токму затоа средбите во градските средини ги оставаме за крај“, додава Веле Митаноски, потпретседател на СДУ и носител на советничката листа во Охрид.
 

Профили

webmail