Home Прес Центар Новости Средба Еленовски – Фуере

Средба Еленовски – Фуере

На ден 12.03.2009 година во просториите на Социјалдемократската Унија (СДУ) се одржа средба помеѓу високиот претставник на ЕУ во земјава Ерван Фуере и претседателот на СДУ и кандидат за градоначалник за Град Скопје Лазар Еленовски.



На средбата се дискутираа актуелните политички случувања во земјата, локалните и претседателските изборни кампањи како и темите кои се средиште на овие избори.
Во дискусијата Еленовски ја истакна заложбата на СДУ одржување на фер и демократски избори кои се услов за понатамошниот позитивен развој на
евро-атлантските интегративни процеси на Македонија. 



Амбасадорот Фуере ја поздрави заложѓбата на СДУ за развој на мултиетничко општество и еднаквиот пристап кон граѓаните од сите етнички заедници.
На состанокот  Еленовски му ја презентираше и програмата на СДУ за развој на Град Скопје за периодот 2009 – 2013 година. 

 

Профили

webmail