Општинската организација на Социјадемократската унија, денеска одржа тематска прес-конференција, на која говореа потпретседателот на Партијата и носител на Советничка листа во Охрид, Веле Митаноски и претседателот на Општинската организација на СДУ Марко Спасески. Спасески на почетокот искажа задоволство од начинот и резултатите во спроведувањето на сопствената кампања.

"Настапот го концепиравме на начин, како да им ја направиме достапна на граганите нашата програма.
Досега, посредно, преку електронските медиуми, интернет изданијата, сопствената веб-страница и скромен печатен материјал. Сето тоа да биде скромно и достоинствено, бидејќи е навистина жално и срамно, во ова време, да се фрлаат толку пари. Во тој дух, вториот дел од кампањата, ќе мине, главно, во контакт со граѓаните", рече Спасески и веќе за утре, во 18:30 часот, најави средба со жителите на Куратица. Потоа следат Пештани, Радојца Новичиќ, Долно и Горно Лакочереј и на крајот во градските средини.
Тежиштето на прес-конференцијата беше посветено на прашањето за улогата, компетенциите и перспективите во подигнувањето на авторитетот, достоинството и дигнитетот на Советот на општина Охрид.
"За нас, обезбедувањето на грагански карактер на Советот на општината, е апсолутен приоритет" , рече Веле Митаноски. "Ќе им овозможиме на граганите да влијаат врз работата на Советот, за прашања од нивни непосреден интерес. Ќе организираме јавни собири, анкети, граѓански иницијативи, ќе иницираме притисок на невладините организации и на средствата за јавно информирање, се со цел Советот да има поголем слух и разбирање за потребите на граганите", додаде Митаноски.
Веле Митаноски, најави иницијативи за измена и надополнување на Законот за локална самоуправа, во делот на помошните тела на советите, со цел тие да се пополнуваат помалку од советниците, а повеќе со надворешни лица, експерти во разни области. Тој најави и програми за едукација на советниците, со цел тие да постанат вистински фактор на одлучување, поадекватно да се вклучат во работата на ЗЕЛС, но и во Комитетот на регионите на ЕК, како и во други мегународни сродни асоцијации. "Во делот на легислативата, преку Советот на општината, уште на самиот старт ќе иницираме уасвојување на посебен Закон за Охрид, како и Закон за легализација на дивоградбите", додаде Митаноски.
Потпретседателот на СДУ Веле Митаноски, на прес-конференцијата, даде оценка за првата декеда, односно првиот дел од кампањата за претседателските и локални избори во Република Македонија, со посебен нагласок на Охрид. "Како иницијатори на Декларацијата за демократски, слободни и фер избори, обврзани сме да го следиме текот на кампањата. Таа во Охрид, во основа, се спроведува коректно, со мали исклучоци на двете спротивставени партии, главни претенденти за градоначалничката функција. Добро е што, барем засега, тоа го прават партиите, а не и нивните фаворити", оценува Митаноски. Според него, во кампањата, има доста непознавање на надлежностите на локалната власт, односно градоначалникот, па од поединци се нуди се и сешто, така што на моменти, добивате впечаток дека станува збор за "Алиса од земјата на чудата".
Веле Митаноски, искажа загриженост, што се спушта нивото на политичката реторика во трката за шеф на државата. "Недозволиво е луѓе со академски титули, професори и претенденти за најпрестижната функција во државата, да повикуваат на клетви "до седмо колено" односно, на кампањата да и придаваат анимални димензии", рече на денешната прес конференција Веле Митаноски, потпретседател на СДУ и носител на листа во Советот на општина Охрид.
Охрид 10.03.2009
ОО на СДУ
претседател
Марко Спасески





