Home Прес Центар Новости Караванот на НОВАТА СКОПСКА ПРИКАЗНА во Стајковци

Караванот на НОВАТА СКОПСКА ПРИКАЗНА во Стајковци

На ден 05.03.2009 година (четврток) во село Стајковци официјално беше отворен новиот штаб на Социјалдмеократската Унија во ова место.
На големиот број на присутни членови и симпатизери на СДУ им се обрати претседателот и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Лазар Еленовски.


Во обраќањето пред присутните Еленовски ги образложи клучните проекти на неговата изборна програма, со акцент на актуелните прашања на месното население како комуналната хигиена и инфраструктура, при што потенцираше дека еден од клучните приоритети на СДУ за развојот на Град Скопје е вода, струја и пат за секого – вклучително и руралните подрачја. Во таа насока, вети доколку го добие мандатот од граѓаните заедно со советничките групи на СДУ и другите партнери во водењето на Градот ќе се заложи за итното решавање на проблемите од типот на оние кои ги има село Стајковци, а се однесуваат на комуналната хигиена, патната инфраструктура и канализациска мрежа.



По средбата со граѓаните Еленовски направи обиколка на село Стајковци каде подетално се запозна со жителите и прашањата на ова место.

 

Профили

webmail