
"Истовремено е фасцинантна желбата на овие наши сограгани да му се радуваат на животот и во едни, за нив, специфични услови. Дамите не испратија со песна, со една прекрасна далматинска нумера", додаде Веле Митаноски.
"Очигледно е дека општеството малку се грижи за старите и изнемоштени лица. Сите ние треба да знаеме дека еден ден ќе остариме, а никој не може однапред да знае кога ќе му затреба таква помош", рече Митаноски.

"Ние денеска избравме да дојдеме во Геријатриското одделение, продолжи Митаноски, прво, поради утрешниот празник и второ да афирмираме еден сегмент од Изборната програма. Имено, еден од нашите програмски приоритети, е изградбата на Дом за пензионери и стари лица во Охрид. Сакам да упатам на делот 7 - Локални приоритети, од Програмата, објавена и на нашата интернет страница (www.velemitanoski.mk), кој е посветен на ова прашање. Како дел од една посеопфатна социјална програма, општина Охрид, има ингеренции и задачи, а мислам и капацитет, најитно да почне изградба на Дом за пензионери и стари лица, од високо социјализирана категорија, со апартмани, други содржини за престој, забава, здравство и сеопфатна заштита", рече Веле Митаноски, потпретседател на СДУ и носител на Советничка листа.





