Home Прес Центар Новости Еленовски на средба со рекреативните риболовци од Скопје

Еленовски на средба со рекреативните риболовци од Скопје

Денес 04.03, кандидатот за градоначалник на СДУ Лазар Еленовски во хотелот Бест Вестерн оствари средба со рекреативните риболовци од Градот Скопје, на кои им го претстави проектот пловен Вардар, како и намерите за поставување на пречистителна станица и порибување на реката Вардар.



Со овие проекти намерата е да се заштити рибниот фонд, а воедно и да се намали степенот на загаденост на главната артерија на Градот Скопје.
Рекреативните риболовци на средбата ги искажаа проблемите со кои се соочуваат последниве години, како што е драстично намалениот фонд на риба, голем број на рибокрадци, проблемите со сепарациите кои го уништуваат рибниот фонд, како и големиот степен на загаденост на реката Вардар пред се од  отпадните канализациони води.

 

Профили

webmail