Home Прес Центар Новости Еленовски го претстави проектот „Пловен Вардар“

Еленовски го претстави проектот „Пловен Вардар“

На 4 март, во Скопје, Претседателот на Социјалдемократската Унија и кандидат за градоначалник на град Скопје, Лазар Еленовски како дел од изборната кампања а со цел повеќе да ја приближи својата визија, оддржа непосредна средба со граѓаните на град Скопје. Тргнувајќи од улицата „Македонија“ групата од  поддржувачи, граѓани како и голем број претставници на медиумите се упати кон кејот на Вардар, каде Еленовски како дел од програмата на Социјалдемократската Унија ја образложи идеата за Пловен Вардар околу Камениот мост со која би се дал еден нов лик на централното градско подрачје и обединување на плоштадот, кејот од двете страни и Старата чаршија.



„ Сакаме во централното градско подрачје реката Вардар да се направи пловна, со што ќе се даде една поинаква содржина на градот. Проектот треба да опфаќа неколку километри, односно од Пешачкиот мост до Мостот на банките и со тоа сметаме дека целосно ќе се измени ликот на центарот на Скопје“, рече Еленовски.



Турата заврши со посета на една од слаткарниците во Старата чаршија и во непосреден разговор со граѓаните.

 

Профили

webmail