Социјалдемократската унија на Македонија на денешната конвенција ги претстави кандидатот за градоначалник на Скопје, лидерот на партијата Лазар Еленовски, и кандидатите за градоначалници и носителите на советничките листи за претстојните локални избори.
Партијата ке настапи со сопствени листи на советници во дваесет и шест општини.Со свои кандидати за градоначалници социјалдемократската унија ке учествува во осум општини.За град Скопје кандидат за градоначалник е лидерот на партијата Лазар Еленовски,за Кисела Вода Гордана Станојковска,за центар Димитар Илиевски,за општина Дебарца кандидат за градонацалник е Димче Андрески,за Делчево Митко Василевски,Богданци Зоран Чавдаров,Старо Нагоричане Зоран Петковски и за општина Велес кандидат за градонацалник е Лазе Игњатовски.
Лидерот на партијата Еленовски преку својот говор порача дека од Скопје ќе изгради вистинска македонска европска приказна, модерно социјално општество за сите граѓани на Република Македонија. Во изборната програма понуди решение за клучните проблеми во градовите, посебно за Скопје на кое, како што истакна, му треба нова визија каде што секој граѓанин ќе живее мирно, без тензии и во чиста животна средина.

Според него, непристапноста до вода и недовршените патишта се недозволиви за една цивилизирана земја.
Кандидатите за градоначалници на општините ветија слобода, демократија, развој и просперитет за земјата






