Home Прес Центар Новости Трибина на СДУ Искуствата на локалната власт во Шведска, како пример за Македонија

Трибина на СДУ Искуствата на локалната власт во Шведска, како пример за Македонија

hariВо организација на Социјалдемократскат унија (СДУ), на 19 февруари, во Скопје, се одржа трибина  Искуствата на локалната власт во Шведска, како пример за Македонија. Главен гостин на трибината беше членот на раководството на сестринската Социјалдемократска партија на Шведска, господин Ерик Пелинг, советник во локалната власт на Упсала, стариот универзитетски центар на Шведска.
“Имаме среќна прилика да ги вкрстиме македонското и шведското искуство, во делот на локалната власт”, рече на трибината, воведничарот, генералниот секретар на Социјалдемократска Унија Захарија Вулгаракис. “Се разбира дека разликите се огромни во делот на практикувањето на локалната власт, бидејќи се работи за две сосема различни општества, пред се, во делот на финасирањето и фискалната децентрализација. Ние сме на почетокот, додека Шведска е пример и цел кон која стремат демократските општества, односно партиите со социјалдемократски предзнак” рече Вулгаракис.
“Сепак, имаме и доста сличности, затоа што и за нас развојот на локалната демократија е апсолутен приоритет. Една од централните поенти во нашата партиска програма, како и во изборните програми на нашите кандидати за овие локални избори е дека локалната власт мора да постане пандан, односно рамнотежа на централната власт”, потенцираше Захарија Вулгаракис.
pelingГостинот од Шведска, исто така ја нагласи потребата од брз развој на локалната демократија, напоменувајки дека локалните власти треба да бидат претпазливи со темпото на преземањето на ингеренциите. Паралелно треба да се оспособат за успешно менаџирање со локалните самоуправи, со цел да изградат одржлива локална самоуправа. Сепак, тој нагласи дека Македонија доцни во делот на фискалната децентралиазција и е една од најцентрализираните во ЈИ Европа.
Господинот Пелинг во својата презентација подробно ги објасни начините на функционирањето на локалната власт во Упсала, како и начинот на кој се справува општината со локалните проблеми.

drdraganНа трибината говореше  д-р Драган Ѓошески, редовен професор на Земјоделскиот факултет во Скопје, инаку колега на господин Ерик Пелинг, кој е професор на угледниот универзитет во Упсала. Професор Ѓошески, посебно се задржа на унапредувањето на ресурсите во општините, врз кои е можно да се темели нивниот развој, посебно во руралните средини, а за што Република Македонија им очигледни компаративни предности, кои не се ни оддалеку искористени.
 

Профили

webmail