
Антикорупциската комисија минатата недела го изненади екс министерот за одбрана Лазар Еленовски со најава за кривична пријава поради финансиското работење во МО 2006-та. Еленовски, кој тргна во градење партиска структура на Социјалдемократската унија, која се подготвува за самостоен настап на претстојните избори, не сака да верува дека власта би можела да врши некаков притисок врз него поради одлуката да прави самостоен политички субјект. Тој минатата недела во Скопје организираше конференција на Евроатлантскиот клуб на која чешкиот амбасадор во НАТО упати јасна порака дека блокадата за нашиот прием во Алијансата во Букурешт, не била грчко вето, приземјувајќи ја владината еуфорија околу нашата тужба пред Меѓународниот суд. Во меѓувреме, во Македонија се актуелизира и најавениот извештај на комисијата за испитување на хеликоптерската несреќа. Сето тоа беше повод за разговор со екс министерот Еленовски.





