Home Прес Центар Новости Политичка одговорност за Бранко Црвенковски

Политичка одговорност за Бранко Црвенковски

dimce_anderskiСоцијалдемократската Унија го свика денешниот прес по повод изјавата на Бранко Црвенковски кај стечајците дека “Се чувствувам виновен и одговорен за се што се случило во државата”.

Конечно Бранко Црвенковски го даде своето историско признание  дека се чувствува виновен и одговорен за создавањето на стечајците, за спроведувањето на најкриминалната приватизација, за создавањето октоподи, како и за се што минатите години, додека ги извршуваше највисоките државни функции, придонесе Република Македонија да биде она што е денес.

Социјалдемократската Унија го прашува дали се чуствува виновен и одговорен и за разнебитувањето на левицата и колапсот на македонската социјалдемократија, со што дозволи комотно владеење на ВМРО ДПМНЕ.

Поради тоа, сметаме дека после историското признание Бранко Црвенковски конечно треба да  понесе и политичка одговорност, за пустошот што го остави позади себе и конечно да остави на некои нови сили да ги спроведат на дело начелата на модерната социјалдемократија.

Прес конференцијата ја водеше Димче Андрески оперативен секретар на СДУ.

 

Профили

webmail