1. Евро-атлантска интеграција
• Република Македонија во НАТО
• Република Македонија во Европската Унија
• Решавање на спорот за меѓународното име без промена на уставното име
2. Европско земјоделство и рурален развој – „Од трпеза до нива“
• Изработка на повеќегодишна програма за субвенции
• Укинување на дискриминација во политиката на субвенции
• Значително зголемување на буџетот за рурален развој
3. Енергетска независност - Изградба на клучните енергетски капацитети од страна на државата
• Максимало ангажирање на домашната градежната оператива што ќе придонесе за раст на БДП
• Создавање непотрошлив извор на електрична енергија во целосна сопственост на државата.
• Привлекување на странски инвестиции преку давање на бенифицирана електрична енергија
• Бесплатни социјални енергетски пакети за најзагрозените семејства.
• Забрзан развој на општините кои гравитираат околу енергетските капацитети
4. Капитални инвестиции
• Изградба на клучните патни правци
• Секој граѓанин на држава која е европска во 21 век мора да ги ужива основните услови: пат, вода, канализација и електрична енергија
5. Социјална држава – социјална правда
• Обезбедување на минимална плата за работникот
• Обезбедување на здравствена заштита
• Обезбедување на социјална заштита
• Унапредување на условите на ранливите групи
• Инклузивно и недискриминаторско општество
6. Државна агенција за обезбедување
• Обезбедување на сите државни институции
• Решавање на сите егзистенцијални прашања на различните групи на припадниците на безбедносниот сектор
• Грижа за државата – заштеда на буџетски средства и инвестирање во безбедноста на државата




