Home Парламентарни Избори 2011 Крај на транзицијата

Крај на ТРАНЗИЦИЈАТА

Почитувани граѓани на Република Македонија,

Како граѓанска демократска партија, Социјалдемократската Унија остро ќе се спротистави и ќе се посвети на расчистување со сите транзициски и недемократски феномени бидејќи видовме дека транзицијата е ракот на нашиот развој и демократија.

Цврсто веруваме во демократијата и сакаме Македонија да стане европска држава со европски стандарди и начин на живеење.

За разлика од сите други кои досега ветуваа што ќе прават и добар дел од тие ветувања не ги исполнија, ние најпрво ќе ветиме што НЕМА да правиме.


Ветување на СДУ кон граѓаните за демократска и развиена Македонија:

-    Нема да вршиме партизација на се што постои во општеството и остро ќе се спротивставиме на секаква идна форма на партизација.

-    Нема да вршиме притисоци на медиумите и ќе ги зголемиме средствата од буџетот наменети за поддршка на медиумите  и правилно и рамноправно ќе ги распределиме на националните, регионалните и локалните медиуми

-    Нема да формираме невладини организации за партиски цели

-    Нема да регрутираме новинари за партиски цели

-    Нема да рекетираме фирми

-    Нема да правиме разлика и поделба на граѓаните по партиска, етничка, верска и родова припадност. За нас сите граѓани се исти и еднакви

-    Нема да трошиме буџетски средства за непродуктивни цели

-    Нема да вршиме притисок во судството

-    Нема да сееме страв меѓу граѓаните
 

Профили

webmail