Home Парламентарни Избори 2011 Изборна програма Поддршка на невладиниот сектор

Поддршка на невладиниот сектор

За Социјалдемократската Унија општество без силен невладин сектор не може да напредува.

Невладиниот сектор треба да биде дел од граѓанското општество, но не во служба на партиски или лични интереси, туку во служба на граѓаните.

Владата треба да одржува отворена и јасна соработка со невладиниот сектор, притоа поддршката која ќе ја упатува не се однесува само на финансискиот удел, туку и на постојана комуникација.
Невладиниот сектор треба будно да ги следи сите политики кои се спроведуваат во земјата, да биде активен чинител во развојните процеси и да биде вклучен во целото општество.
На Република Македонија и треба силен невладин сектор, но потребно е зајакнување на неговата улога со цел да се овозможи редовно и правило фунцкионирање.

Во таа насока, СДУ ќе работи на:

•    Вистинско а не хартиено вклучување на НВО секторот при носењето на националните политики: дебатите да се вистински и јавни, а нивниот глас слушнат со учество на владините претставници во нивни активности кога истото е потребно.

•    Широка и рамномерна распределба на буџетски средства за невладиниот сектор

•    Отстранување на практиката со која средствата од државниот буџет за невладините организации им се доделуваат на крајот на годината за истата тековна година. Доделувањето на средства за НВО треба да биде преку отворен конкурс, јавен, со вклучување на сите клучни области со строго зацртани рокови и за доделување на средства и за имплементација на проектите.

•    Поттикнување на бизнис секторот да биде поактивно вклучен во поддршката на невладиниот сектор преку законски решенија кои за возврат ќе им овозможат пофлексибилен пристап и даночно олеснување
 

Профили

webmail