Печати

Соопштение

Политичката партија Социјалдемократска Унија до сите граѓани на  Република Македонија ја честита безусловната чиста препорака за почеток на преговорите со ЕУ.

Ова претставуваат несомнено јасен сигнал и поддршка за европската перспектива на земјата благодарение на засилениот ангажман на ЕУ, заедно со нејзините меѓународни пријатели.

Безусловената препорака е благодарение на заедничките напори на Владата, што резултираше со суштински, отворени и транспарентни реформи во областите кои беа посочени како приоритетни, како стратешка определба на сите политички партии и сите граѓани, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност.

Во престојниот период очекуваме да се обединат сите политички партии кои ќе ги стават разликите на страна и со здружени сили да работат на заедничката реформска агенда. Вистинскиот пат по кој треба да се движиме и единствениот начин кој ни дава сила да продолжиме да градиме силни врски на заедништво и меѓусебно разбирање. Само така, обединети и сплотени ќе можеме да создаваме вредности и дела за сите идни генерации кои ќе го продолжат патот до уште посилен развој и просперитет на нашата држава.

Денес Република Македонија повторно цврсто чекори на својот пат кон членство во НАТО и ЕУ.