Печати

Претседател

Чедо Николовски е роден на 03.05.1961 год, со место на живеење општина Бутел, Скопје. Оженет, татко на три деца. Од 1975 година е активен спортист и учесник на многу државни и меѓународни натпревари во борење слободен стил. Учесник е на Олимпијадата во Сеул, Кореја во 1988 година. 

Има освоени многу медали и трофеи:
- 15 пати државен првак на СФРЈ;
- Учесник на 8 Европски првенства - освоено 2 седми места;
- Учесник на 8 Светски првества - освоено 6,7,8 и 9 место;
- Учесник на Олимписките игри во Сеул во 1988 година - освоено 9 место;
- Четири пати меѓу најдобрите спортисти на Р. Македонија;
- Прогласен за Великан на Спортско друштво Вардар во 2008 година;
- Награда 25 мај
- Награда 13 Ноември
- Медал - Заслуга за народ на СФРЈ;

Моментално е меѓународен судија по борење, актуелен претседател на ФБСМ. Претседател на Социјалдемократската Унија.